Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ оваа година, поради коронавирусот, првпат ќе се одржи на отворено, пред МНТ, на 19 и 20 септември.
Местата ќе бидат ограничени (30), во корелација со просторот, а по препорака на Комисијата за здравство. Билети ќе бидат поделени пред претстава по принципот прв дојден прв услужен.
„Како и секаде така и во овој случај, ќе се врши мерење на температура пред влегување, носењето маска е задолжително за сите, а дезинфекциони средства ќе бидат поставени на видни места за ваша и наша заштита“, велат организаторите.
На фестивалот ќе има гости од Србија – “Алис ин Вондербанд” со претставата “Кис”, од Бугарија Филип Дончев со претставата “Лакомиот”, а за крај буто перформанс, копродуциран од театри од Македонија и Србија.