Утрински Весник
Македонија

Груби се сретна со амбасадорката Брнс: Америка е нашиот најголем сојузник

Груби се сретна со амбасадорката Брнс: Америка е нашиот најголем сојузник

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, одржа работна средба со амбасадорката на САД, Кејт Брнс.

„Брнс истакна дека Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во спроведувањето на неопходните и многу важни реформи насочени кон владеењето на правото и функционирањето на институциите на непристрасен и независен начин. Брнс, исто така рече дека Северна Македонија треба да го одржи единството за да ја искористи можноста за членство во Европската унија“, соопштија од кабинетот на Груби.

Брнс му пренела на Груби дека Соединетите Американски Држави се подготвени да ги продлабочат билатералните односи меѓу двете земји и зајакнување на понатамошното зголемување на директните инвестиции од САД и соработката во областа на дигиталната економија во согласност со сигурносните стандарди на НАТО.

Груби истакнал дека Владата на Република Северна Македонија останува посветена на спроведувањето на реформите, со посебен акцент на сегментот правда.

Груби ја истакнал важноста на мрежата 5G и стратешката соработка со САД во овој процес и кажал дека тоа ќе биде приоритет на Владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Активен пожарот помеѓу Слупчане и Ваксинце, зафатена сува трева и нискостеблеста шума

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија

Концерт на Ана Дурловски и Анахит Тер-Татшатјан за роденденот на „Охридско лето“