Утрински Весник
Македонија

СЕММ го осудува нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира

СДСМ го осуди нападот врз новинарската екипа на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува нападот кон новинарската екипа на Ал Џезеира на протестот во Скопје, организиран од политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

„ Новинарката Милка Смилевска и снимателот Јорде Ангеловиќ се нападнати додека ги извршувале своите професионални обврски, што е незамисливо во една демократија. Толеранцијата на вакви напади и спречувањето на медиумските работници да си ја вршат својата работа носи ризик тие да се повторат и да се засилат, со што не се загрозува само безбедноста на колегите, туку и елементарното право на граѓаните да бидат вистински информирани.

Затоа бараме од институциите итно расветлување на инцидентот и одговорност за напаѓачите, а од партиите поголема одговорност во спречувањето на говорот на омраза и делата што произлегуваат од него“ се вели во реакцијата..

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДЗСИ нареди вонредно чистење и здравствен преглед на вработените во училиштето ,,Димо Хаџи Димов”

Андоновска: Ќе работиме цела ноќ ако треба за побрзо да излезат резултатите за труењето во Влае

Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот за македонски јазик