Утрински Весник
Свет

Вучиќ разговара по телефон со Путин за прв пат по договорот во Вашингтон

Вучиќ разговара по телефон со Путин за прв пат по договорот во Вашингтон

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговара телефонски со претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесуваат медиумите.

Агенцијата „Танјуг“ наведува дека веста им била потврдена од канцеларијата на Вучиќ, додека ТВ Пинк и Спутник известуваат дека разговорот сè уште трае.

Сè уште не е објавено за што зборуваат двајцата лидери.

Ова е прв разговор на лидерите на Србија и на Русија по потпишувањето на договорот од Вашингтон.

Кабинетот на претседателот сè уште не ги објави информациите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Истече рокот од 60 дена, но нема договор меѓу САД и Иран

Автобус се преврте во Рио 10 лица загинати

Шест лица загинаа во украински ракетен напад во Белгородската област