Утрински Весник
Свет

Словенија го скратува карантинот од 14 на 10 дена

Словенија го скратува карантинот од 14 на 10 дена

Експертскиoт медицински тим кој ја советува словенечката влада предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена.

Ризикот од инфекција може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија, смета епидемиологот Бојана Беовиќ, пренесува СТА.

Овој предлог беше поддржан и од словенечкиот министер за здравство, Томаж Гантар, со образложение дека повеќето од заразените покажуваат симптоми на болеста во рок од 10 дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид