Утрински Весник
Македонија

Путин упати честитка за Денот на независноста – 8 Септември

Путин упати честитка за Денот на независноста – 8 Септември

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

На средбата двајцата соговорници размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во сферите од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски и амбасадорот Баздникин размениле информации за состојбите во двете земји во контекст на пандемијата од КОВИД-19, како и за справувањето со последиците на здравстен, економски и на социјален план.

Амбасадорот Баздникин, во пресрет на Денот на независноста 8-ми Септември на претседателот Пендаровски му предал честитка од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Во продолжение го проследуваме интегралниот текст на честитката од рускиот претседател:

„Почитуван господине Претседател,

Примете честитки по повод националниот празник на вашата земја – Денот на независноста.

Уверен сум дека унапредување на конструктивна билатерална соработка меѓу Руската Федерација и Република Северна Македонија би им одговарало на интересите на нашите народи, би придонесувало за зацврстување на безбедноста и стабилноста на Балканот.

Искрено Ви посакувам добро здравје и успеси, а на сите Ваши сограѓани мир и добробит.

Со почит,

В. Путин“

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!