Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Бенгтсон: Почетокот на преговорите ќе ја интензивираат европеизацијата на Северна Македонија

Маричиќ – Бенгтсон: Почетокот на преговорите ќе ја интензивираат европеизацијата на Северна Македонија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форшгрен Бенгтсон и Јохан Хенриксон, заменик амбасадор на Шведска.

На средбата се дискутирало за реформските приоритети на Министерството за правда и Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, имајќи предвид дека наскоро се очекува почеток на преговорите и отворање на Поглавје 23 – Правосудство и темелни права.

„Министерот за правда Бојан Маричиќ се заблагодари на поддршката на Кралството Шведска во процесот на евроинтеграции на Република Северна Македонија и истакна дека пред себе има амбициозна агенда во поглед на отворањето на Поглавјето 23, но дека вистинскиот предизвик сепак претставува спроведувањето на законите. Министерот истакна дека почетокот на преговорите и отворањето на Поглавјето 23 ќе бидат вистински трансформативен процес и ќе ја интензивираат европеизацијата на државата“, соопштија од Министерството.

Маричиќ потенцирал дека главен приоритет на Министерството за правда е поддржување на независноста на правосудните органи, но и градење на систем на владеењето на правото со високи европски стандарди и почитување на човековите права.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма 

Пожар во зграда во Штип, две лица завршија во болница

Со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на општина Желино