Утрински Весник
Македонија

Пендаровски се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која

Пендаровски се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада, како и за предизвиците и приоритетите во претстојниот период во контекст на европските аспирации на земјата.

Амбасадорот Која го запозна претседателот Пендаровски со тековните активности на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Соработката меѓу домашните институции и Мисијата на ОБСЕ во Скопје трае повеќе години во различни области и на повеќе програми, при што Мисијата на ОБСЕ дава советодавна и програмска поддршка во реформа на полицијата, медиумски слободи, изборните реформи, родова еднаквост, добро владеење, човекови права, спроведување на интегрирано образование.

Соговорниците, исто така, разменија мислење и за предизвиците во справувањето со пандемијата на Ковид-19, како и за мерките кои се преземаат на национално и локално ниво од институциите во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сара Јанковиќ и Петар Цеков победници на Илинденскиот мал пливачки маратон на Охридското Езеро

Во сообраќајка во Охрид се повредени четири лица

Претрес во Скопје, пронајдена дрога