Серена Вилијамс останува на добар пат до израмнувањето на рекордот од 24 гренд слем титули откако се врати по спориот старт за 2:6/6:2/6:2 победа над американската сонародничка и шампионка од 2017 година, Слоун Стивенс во третото коло на САД опен.
„Не правев многу грешки во првиот сет, искрено, и прво што помислив е дека не сакам да загубам во два сета“, вели Вилијамс.
Следна за неа е 15. носителка, Гркинката Марија Сакари, која со 6:3/6:1 ја победи 22. носителка Аманда Анисимова.
Кај мажите, Доминик Тим го изддржа камбекот на шампионот од 2014, Марин Чилиќ за 6:2/6:2/3:6/6:3 победа во третото коло и обезбедување на дуел со младиот Канаѓанец Феликс Ожие-Алијасим. Ова е петти пат во седум настапи, Австриецот да влезе во втората недела на САД опен.
> Серена се намачи против Стивенс, Тим го исфрли Чилиќ <