Утрински Весник
Свет

Маж се ранил со пиштол за време на молитва во џамија во Сараево

Маж се ранил со пиштол за време на молитва во џамија во Сараево

39-годишен маж се ранил со огнено оружје во двор на џамија во сараевската населба Гладно поље за време на молитва.

Човекот чии иницијали се К.И. Тој бил пренесен во Здравствениот дом во Илиџа, а потоа и во болница во Кошево, каде му биле констатирани полесни повреди, пренесува „Независне новине“.

Од Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон соопштија дека за настанот бил информиран и кантоналниот обвинител во Сараево, кој наредил увид на местото на употреба на оружјето и на местото каде што е пронајдено возилото „сеат“, како и претрес на самото возило.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Нема да дозволиме САД да се мешаат во Ормуската Теснина

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса

Иран нападна цели во Бахреин и Кувајт по новите американски удари и поморската блокада