Утрински Весник
Култура

Почнува новата сезона на Филхармонија

Почнува новата сезона на Филхармонија

По пауза од неколку месеци, Филхармонија ќе започне со реализација на своите концерти.

Првиот концерт со кој се отвора новата сезона 2020-2021 е на 3 септември, в четврток со почеток во 20 часот. На програмата е ремек-делото за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер. Диригент е Габриел Бебешелеа (Романија), а солисти се Корби Велч – тенор (САД) и Хеике Веселс – мецосопран (Германија).

Концертот ќе се одвива според протоколите одобрени од Комисијата за заразни болести, а билетите ќе се продаваат во ограничен број онлајн на веб страната на Филхармонија.

Билетите ќе се продаваат по цена од 800 денари.

„За да се испочитуваат протоколите, капацитетот на салата ќе биде искористен само 30 отсто, публиката ќе седи на дистанца, а ќе се продаваат само парните редови во салата. Музичарите кои ќе свират истотака ќе бидат распоредени согласно параметрите кои ги налага Комисијата за заразни болести“, велат од Филхармонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“