Утрински Весник
Свет

Не се смирува епидемијата во БиХ, 293 новозаразени

Не се смирува епидемијата во БиХ, 293 новозаразени
Dik 300x250 mk

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 13 смртни случаи од коронавирус.

Така, вкупниот број нa починати се зголеми на 555 од почетокот на епидемијата.

Осум лица починаа во Федерацијата на БиХ, а пет во РС.

Во изминатите 24 часа, во БиХ се регистрирани 293 новозаразени лица, од кои 234 во Федерацијата БиХ и 59 во РС.

Од почетокот на епидемијата во БиХ, 18.117 лица заболеле од коронавирус.

Во изминатите 24 часа, во Федерацијата БиХ биле тестирани 1.526 примероци, од кои 234 биле позитивни на коронавирус.

Регистрирани се нови случаи во сите кантони.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Франција најмалку петмина повредени откако намерно биле удрени од автомобил

Португалските власти запленија подморница со 1,7 тони кокаин

Трет обид за покорување на Русија може да ја уништи Европската Унија