Продукцијата „Аволон“ објави дека петтото јубилејно издание на фестивалот „Скопје колинг“ ќе се одржи на 12-ти септември на стадионот на АРМ. Како што велат, вниманието на фестивалот ќе биде насочено кон пионерите и кон младите сили на домашната музичка сцена.
„ Бирајќи внимателно, создадовме оргинална и избалансирана комбинација на креативност, свежина и традиција…, со други зборови, на SKOPJE CALLING 2020, MACEDONIA’S FINEST EDITION, оваа година ги имаме: Foltin, Last Expediton, Pluto’s Doubts и surprise act за кој дополнително ќе ве известиме. Pluto’s Doubts се тука да ни ја пренесат новата шармантна скопска авангарда, Last Expedition да ни покажат на што работеле за време на долгогодишната музичка пауза и да не’ потсетат што значи да се биде ,,добрата стара школа”, а FOLTIN, со Late Night Cabaret Performance да ни покажат, барем на час и половина, како е да се живее младешки без обѕир, раскошно, блудно и некомерцијално. За крај, објектот на изненадување е една млада, експлозивна, препознатлива фела која е истовремено и дефинитивен домашен лидер на лајф сцената. Како приказнава би останала слатка и примамлива- нивното официјално откривање го оставаме за една недела од сега, 31-ви август“ велат организаторите на фестивалот.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре наутро, по цена од 600 денари.
И овој настан, исто како претходните, ќе биде реализиран според сите утврдени и одобрени протоколи од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.