Утрински Весник
Спорт

Сенетисиксерси го отпуштија тренерот

Сенетисиксерси го отпуштија тренерот

НБА франшизата Филаделфија Севентисиксерс му врачи отказ на тренерот Брет Браун. Отказот е очекуван бидејќи Филалделфија со 4-0 беа елиминирани од Бостон Селтикс во првата плејоф рунда.

Браун седум години ја предводеше Филаделфија, но не успеа да го реализира проектот до крај. Клубот свесно неколку сезони завршуваше на последните места за да може да добие високи пикови на драфтот, но талентот и квалитетот на Бен Симонс и Џоел Ембид, тренерот Браун не успеа да ги преточи во голем резултат.

Генералниот менаџер Елтон Бренд ќе се обиде да го донесе поранешниот тренер на Кливленд Кавалирс Тајрон Лу кој во моментов е асистент во стручниот штаб на ЛА Лејкерс.

> Сенетисиксерси го отпуштија тренерот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока

Ѓоковиќ не успеа да се пласира во втората недела од „Ролан Гарос“ за прв пат од 2009 година

Македонските фудбалери вечерва пред полни трибини ѝ гостуваат на БиХ