Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

НАТО: Не го зголемивме военото присуство на границите со Белорусија

НАТО: Не го зголемивме военото присуство на границите со Белорусија
Img 7972

НАТО ги отфрли обвинувањата на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека спроведува воени вежби долж западните граници на земјата во Полска и Литванија и нагласи дека внимателно ја следи ситуацијата по спорните избори во Белорусија минатата недела.

Претходно денеска Лукашенко рече дека тенковите и авионите на НАТО биле распоредени само 15 минути од белоруската граница.

Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску изјави дека „не се спроведуваат воени вежби во регионот“.

„ Мултинационалното присуство на НАТО во источните членки на Алијансата не претставува закана за ниту една земја. Тоа е строго одбранбено присуство, чија цел е да ги спречи конфликтите и да го зачува мирот“, рече Лунгеску.

Таа додаде дека НАТО внимателно го следи развојот на ситуацијата во Белорусија, земја во која се одржуваат насилни протести од изборите на 9-ти август, за кои противниците на Лукашенко велат дека се „монтирани“. Лунгеску повика на почитување на основните слободи, вклучително и правото на мирен протест.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа

Стотина Палестинци пуштени од израелските затвори, се слави во Рамала и Газа