Работнички ја забележа својата прва победа во новата сезона во Македонската Прва лига, откако со двата гола на Фахрудин Ѓурѓевиќ стигна до 2:0 триумф над новиот прволигаш Беласица.
Ѓурѓевиќ, кој ова лето дојде кај „романтичарите“ од чешкиот Храдец Кралове, стрелаше во 38. и 50. минута за триумф, оставајќи го прволигашот од Струмица на последното место на табелата со два порази и 0:8 скор по два натпревари.
ПРВА ЛИГА, 2.КОЛО
Работнички – Беласица 2:0
ВЧЕРА
Силекс – Пелистер 2:2
УТРЕ, 17.00
Академија Пандев – Вардар
Борец – Ренова
Шкендија – Струга Трим Љум
Шкупи -Македонија Ѓорче Петров
Фото: ФК Работнички
> Ѓурѓевиќ ги „крена“ Работнички против Беласица <