Утрински Весник
Свет

Големо невреме го погоди Мостар

Големо невреме го погоди Мостар

Градот Мостар денеска беше зафатен од силно невреме кое започнало околу пладне, јави порталот „Кликс“.

Врнежите од дожд биле пропратени со грмотевици, при што многу улици биле поплавени, а силен ветер ги кршел гранките на дрвјата.

Од Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМЗ) најавиле дека во текот на денот се очекува претежно облачно време низ цела Босна и Херцеговина.

Исто така на територијата на целата земја е издаден жолт метеоаларм – предупредување за опасни временски појави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија

Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“

„Аријана 6“ успешно лансирана во вселената