Утрински Весник
Свет

Ердоган: Никакви закани нема да не натераат да се повлечеме од наша територија

Ердоган: Никакви закани нема да не натераат да се повлечеме од наша територија
Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција нема да се повлече поради заканите од санкции или упади во територијата.

Тврди дека територијата во Средоземното море е на неговата земја, иако има несогласувања со Грција.

„Никогаш нема да дозволиме грабеж на нашиот појас“, рече Ердоган, додавајќи дека Турција нема да се повлече поради санкции и закани, пренесе „Ројтерс“.

Турскиот истражувачки брод „Оруч Реис“ ќе го продолжи истражувањето до 23 август, нагласи Ердоган.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа