Утрински Весник
Свет

Меркел: Пандeмијата и климатските промени ќе доведат до нови вонредни состојби

Меркел: Пандeмијата и климатските промени ќе доведат до нови вонредни состојби
Ss2

Германската канцеларка Ангела Меркел, во видео порака денеска предупреди за влошената хуманитарна состојба низ целиот свет и нагласи дека пандемијата на коронавирус и глобалното затоплување веројатно ќе предизвикаат дополнителни вонредни состојби.

„Мора да имаме предвид дека пандемијата и климатските промени ќе ги променат околностите за многу луѓе ширум светот“, рече Меркел во своето обраќање.

Ss1

Како земја, важно е брзо да ја мобилизираме хуманитарната помош, додаде таа.

Меркел ја наведе како пример операцијата на Бундесверот и работата на сојузната Агенција за техничка помош (THW) во Либан, по експлозијата на пристаништето во Бејрут во која загинаа 178 лица, а повредени се најмалку 6.000.

Експлозијата покажа како криза може да се развие ужасно брзо, посочи германската канцеларка.

Осврнувајќи се на Светскиот ден на хуманитарната помош – 19 август, Меркел ја истакна важноста од заштита на работниците кои пружаат помош.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија