Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ќе разговараме за воведување на ПЦР тест за патниците кои транзитираат од соседството

(Видео) Филипче: Стратегијата на широко и интензивно тестирање дава резултати

Ниту еден од патниците којшто бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство финско и македонско не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

„Тоа што сега го чекаме после контактот кое нашето МНР го направи со амбасадата во Стокхолм – која амбасада ја покрива и Финска е листата со имиња – 24 патници кај коишто било констатирано присуството на вирусот, заради тоа што во авионот имало и други државјани, имало државјани на Косово коишто во нашата земја може да транзитираат без тест. Не само тие државјани на Косово, туку било кои други. Ова е еден мотив повеќе на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести дискутираме дали евентуално и за граѓаните од соседните земји кои транзитираат треба да бараме ПЦР тестови“, потенцираше министерот Филипче.

На прашањето како лицата воопшто се качиле на летот, но и какви се процедурите, министерот Филипче истакна дека доколку некој има решение за изолација, а во овој случај немало, тогаш одговорно е Министерството за внатрешни работи за да се спроведува таа контрола.

„Меѓутоа тоа не е очигледно сценарио, не знаеме сè уште доволно податоци. Повторно ќе кажам прво дали се наши и фински државјани со 2 пасоши, со двојно државјанство граѓани или станува збор за државјани на Косово. Кога ќе ги имаме овие информации, се надевам во текот на денот можеме да ја имаме целосната слика за тоа што се случило“, рече министерот Филипче.

Во однос на новинарското прашање каква е процедурата и дали се потребни тестови за лицата кои транзитираат низ земјава, министерот Филипче информираше дека секој може да транзитира. Има ограничен број на часови за влез и излез од земјава и затоа засега не е потребен ПЦР тест, но посочи дека на утрешниот состанок ќе се дискутира повторно ова прашање.

„Оние работи коишто ги истражувавме денеска укажаа на тоа дека многу наши граѓани коишто имаат и друго државјанство брзале да се вратат за да не ги изгубат своите работни места, па во земјите во коишто влегуваат, влегуваат со тамошните пасоши. Има многу можности за да вакви работи да кажам провлечат. Затоа, ќе разговараме утре и за транзитните ПЦР тестови, но сепак би ја почекале дефинитивната листа на 24 имиња, заради тоа што е суштински различно дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово“, рече министерот Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер