Утрински Весник
Свет

Германија бара од Лукашенко да ги ослободи затворените демонстранти и новинари

Германија бара од Лукашенко да ги ослободи затворените демонстранти и новинари

Германскиот министер за надворешни работи Хajко Мас побара од Белорусија веднаш да ги ослободи уапсените демонстранти и новинари.

Мас рече дека тие мирно протестирале користејќи ги своите демократски права.

„Ќe ве потсетам дека ЕУ ги укина санкциите кон Белорусија затоа што вети дека ќе ослободи политички затвореници. Сепак, ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, рече тој, додавајќи дека ЕУ ќе размисли дали одлуката за укинување на санкциите да остане на сила или повторно да ја разгледува, известува ТАСС.

Дипломатски извор за агенцијата изјави дека неформална средба на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се одржи во Брисел на 27 и 28 август и дека ќе се разговара за одговорот на ЕУ во врска со настаните во Белорусија по претседателските избори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови масовни протести во Франција

Протести во над 30 града во Португалија поради станбената криза

Зеленски: Ни понудија членство во НАТО, ако се откажеме од Донбас