Утрински Весник
Свет

Грција отворила оган кон цивилен чамец во Егејското Море

Грција отворила оган кон цивилен чамец во Егејското Море

Грција отворила оган кон чамец бродот кој превезувал цивили покрај островот Родос во Егејското Море, изјави Командата на турската крајбрежна стража за „Анадолија“.

Во соопштението, командата соопшти дека двајца турски и еден сириски државјанин се повредени, а чамецот потонал поради нападот. Во него се наведува дека нападот се случил во грчките води, 7,2 наутички милји од турската провинција Мугла.

Во извештајот се наведува дека по нападот била испратена екипа за итни случаи од четири бродаи тим за нуркање. Повредените биле однесени во државната болница во Мармарис.

Тензиите во регионот се во пораст како резултат на истражувањето и дупчењето на изворите на природни ресурси во Средоземното Море. Анкара ја обвинува Грција за спроведување максималистичка политика во Источниот Медитеран и потенцира дека нејзините поморски побарувања ги кршат суверените права на Турција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија