Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Тихановскаја се кандидирала за претседател поради љубов

Тихановскаја се кандидирала за претседател поради љубов
Img 7972

Светлана Тихановскаја, противкандидатка на белорускиот претседател Александар Лукашенко на неодамнешните претседателски избори, во политичките води влегла речиси случајно.

Нејзиниот сопруг, опозицискиот активист и блогер Сергеј Тихановски, бил уапсен а таа се кандидирала наместо него.

Како што објаснила таа, се кандидирала за претседател на Белорусија поради љубов – за да го ослободи сопругот, со кого има ќерка и син.

Тихановскаја за време на кампањњата вети дека ќе ги ослободи сите политички затвореници, дека ќе спроведе демократски реформи, ќе го отстрани синдикалниот договор со Русија, што многу опозициски активисти во таа земја го гледаат како мешање во суверенитетот на земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица