Утрински Весник
Свет

Над 250.000 новозаболени од ковид-19 во светот

Над 250.000 новозаболени од ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе од 253.000 нови случаи на вирусот, соопшти Светската здравствена организција.

Во изминатите 24 часа од ковид-19 починале речиси 6.000 луѓе, а вкупниот број на смртни случаи надмина 728.000, пренесува ТАС С.

Најлоша е состојбата во САД, Бразил и во Индија, кои бележат повеќемилионски случаи на инфекција, а потоа следуваат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.

Од европските земји, покрај Русија, најлоша е ситуацијата во Шпанија, каде што од појавата на вирусот се разболеле 361.442 лица, а починале 28.503 лица, односно оваа земја е на 10. место во светот по бројот на заболени.

Италија, која своевремено беше втора по бројот на инфекции, сега е на 16. место со 250.566 заболени и 35.205 смртни случаи.

Во регионот ситуацијата е сè уште најтешка во Романија, каде што регистрирани се 61.768 случаи на инфекција и 2.700 починати поради што земјата е на 41. место во светот, а потоа следува Србија, која е на 60. место со 28.099 регистрирани пациенти и 641 смртен случај.

Кина, каде што првпат се појави вирусот, бележи 49 нови случаи, вкупно се разболеле 84.668 лица, а 4.634 починале.

Кога станува збор за земјите од Блискиот Исток, најтешка е ситуацијата во Иран, каде што вкупно 326.712 лица се разболеле, а 18.427 пациенти починале.

Најдобра е состојбата во карипските земји Сент Пјер и Микелан и Ангвила, каде што се пријавени само четири, односно три случаи на зараза.

Северна Кореја нема пријавено случаи на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков