Утрински Весник
Македонија

Ахмети ги кани на средба лидерите на партиите од албанскиот блок

Ахмети од Струга: На противниците им се тресат нозете од идејата за првиот премиер Албанец

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, по предвремените парламентарни избори од 15 јули, упати покана за заедничка средба со претседателите на парламентарните партии од албанскиот блок.

Како што информираат од ДУИ, средбата би требало да се одржи во четврток (13 август) напладне, на годишнината на Охридскиот рамковен договор, во скопскиот хотел „Парк“.

На истата поканети се Африм Гаши од Алтернатива, Билал Касами од Беса, Зијадин Села од Алијанса за Албанците и Мендух Тачи од ДПА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ахмети повика на предвремени избори „Ситуацијата во земјава не треба дополнително да се влошува“

Нова еколошка катастрофа тлее кај Рашче – под закана е изворот од кој со вода се снабдува Скопје, велат од СДСМ

Уапсени малолетници од Скопје, физички нападнале и се обиделе да ограбат 14 годишно дете