Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кои се партиите од новото мнозинство

(Видео) Мицкоски: Изборот е помеѓу СДСМ и нивните истрошени транзициони политичари и ВМРО-ДПМНЕ и политичари кои ќе работат за доброто на народот

„Наместо досадни и стерилни соопштенија за себехрабрење, бидејќи СДСМ трет ден тврди дека има мнозинство јавно ги повикуваме да кажат кои се партиите од ново мнозинство, која е цената за таквата коалиција, кој ќе биде премиер, во спротивно ќе се докаже дека лаже и манипулира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, што се однесува до иднината за која пишуваат, ако од СДСМ зависи иднината, тешко на државата и граѓаните. „Бидејќи велат дека од нив зависела европската иднина, тогаш јавно прашуваме што ги спречуваше до сега нејзе да ја донесат“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје