Утрински Весник
Македонија

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Инспекторатот истражува кој испуштил црвена боја во Вардар

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од надојдената река во Вардар. Како што информира полицијата, вчера во 14:47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Белештевица, Велешко, на место викано Лавчани, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар.

При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото било пронајдено, додека по С.Н. сè уште се трага и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Одрони и магла на дел од патните правци во државата

Миноски: Кога лојалноста е поважна од знаењето, институциите пропаѓаат

Формирање на секундарен циклон над Јонско море и Јужен Jадран ни носи снег