Утрински Весник
Македонија

Богојески: Поддршка на иницијативата на Антикорупциска за закон за потекло на имот

Богојески: 10% ДДВ на храната во угостителството и воведување само на стандардни мерки од СЗО за Ковид 19 после 16 јули
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Македонски концепт ја поддржува иницијативата на претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска за донесување на закон за потекло на имот на сите новоизбрани пратеници во Собранието на Македонија како и именувани министри и високи функционери.

Pet Utrinski

Проверка на имотната состојба на политичарите е проект што Македонски концепт ги понуди како дел од носечките столбови 3С за време на кампањата за предвремените парламентарни избори во јули. Еден од врвните приоритети треба да биде безусловно носење закон за докажување на потеклото на имотот на сите новоименувани пратеници, како и заплена на имотот на функционери и политичари коишто не можат да го докажат неговото потекло.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

„Во Македонија е пракса да стекнатиот имот политичарите го прикажуваат на друго име, близок член од фамилијата. Па така сите оние кои во изминативе 30 години ги видовме во собраниските редови, но и високи владини функционери наместо да работат за доброто на граните, тие ја искористија позицијата за да се збогатат. Само со вистинско докажување на имотот и казнивост за секоја злоупотреба на позицијата на која се поставени може да дојдеме до поштени и народни државни функционери кои ќе работат да ги претставуваат интересите на граѓаните, а не за лично збогатување”, изјави Петар Богојески од Македонски Концепт.

„Во текот на изборната кампања се изнаслушавме премногу надреални ветувања, како и дека ќе работат и служат за интересите на граѓаните, борба против криминал и корупција, повеќе пари кај граѓаните, подобра иднина. Сега е вистинскиот момент за новиот собраниски состав со донесување на овој Закон за потекло на имот да докажат и покажат на граѓаните дали навистина се грижат за доброто на граѓаните и државата”, додава Богојески.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Европски фронт не ја исклучуваат можноста за протести по изборните резултати

Турски министер за транспорт: Хеликоптерот со кој се превезувал Раиси немал или не вклучил систем за сигнализација

Милошоски: Во моментот имаме 61 пратеник и продолжуваме со преговорите со ВРЕДИ, на ДУИ и Ахмети им е изгубен компасот, време им е за опозиција