Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба
300x250 opst2

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут, велејќи дека истражителите вршат увид дали во инцидентот биле користени ракета или бомба, пренесува „Спутник“.

Според изјавата на Аун, издадена од неговиот кабинет, истрагата за смртоносната експлозија е поделена во три фази.

„Прво, како експлозивниот материјал влегол во земјата и бил складиран … второ, дали експлозијата е резултат на небрежност или несреќа … и трето, можност дека имало надворешно мешање“, се вели во соопштението.

Аун додаде дека го замолил францускиот претседател Емануел Макрон да му обезбеди на Либан воздушни фотографии за да утврди дали има докази за авиони или ракети. Тој истакна дека ако не ги добие од Париз, Бејрут ќе побара од другите земји да го сторат тоа.

Голема експлозија се случи на пристаништето во Бејрут доцна на 4 август и зафати речиси половина од главниот град. До денес, бројот на загинатите порасна на 154 и повредени се околу 5.000 други, од кои 120 се во критична состојба.

Според либанските власти, експлозијата била поврзана со неправилно складирање на 2.750 тони амониум нитрат во пристаништето. Тридневната жалост за жртвите од трагедијата почна во средата, а во тек е и дводневна вонредна состојба во Бејрут, со можно продолжување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори