Утрински Весник
Македонија

Изработена студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување

Изработена студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување

За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, експертите Жан Франсоа Фурнемонт и Снежана Трпевска ја изработија студијата Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување.

„Студијата, достапна на македонски и англиски јазик, има за цел да спроведе проценка на важечките законски одредби за концентрација на сопственоста во аудиовизуелниот сектор и да препорача идни чекори во политиките. Како резултат, можни се измени и дополнувања на Законот за медиуми и особено на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со оглед на тоа што постојната регулатива за концентрација на сопственоста на медиумите е застарена, а овие прашања добиваат ново значење во контекст на дигиталните технологии, конвергенцијата, ширењето на новите интернет медиуми и фрагментирањето на пазарот и публиката“, соопштија од  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Студијата е изработена во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“, кој е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.

Студијата е достапна на следниот линк: Плурализам на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Уапсен 18-годишник по предизвикан хаос од Василево до Богданци

Николоски: Од 2 јули нова директна линија Анкара- Скопје и карго железничко поврзување меѓу Македонија и Турција