Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трамп им забрани на американските компании трансакции со ТикТок и ВиЧет

Трамп им забрани на американските компании трансакции со ТикТок и ВиЧет
Img 7972

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се забрануваат трансакциите помеѓу американските компании и кинеската матична компанија на апликацијата за социјални медиуми ТикТок, пренесува „Њујорк Пост“.

Забраните ќе стапат на сила по 45 дена.

„ Апликацијата може да се користи за кампањи за дезинформации во корист на Кинеската комунистичка партија и САД мора да преземат агресивни активности против сопствениците на ТикТок за да ја заштитат нашата национална безбедност“, вели Трамп во наредбата.

Трамп претходно неделава вети дека ќе ја забрани популарната апликација за споделување видео ако технолошката компанија „ВајтДенс“, со седиште во Пекинг, не успее да постигне договор со „Мајкрософт“ или друга американска компанија до 15 септември.

Наредбата стапува на сила на 20 септември и секоја американска компанија која ќе ја прекрши може да се соочи со санкции.

Трамп издаде и друга наредба со иста временска рамка со која се забранува соработката на американски компании со уште една апликација за социјални медиуми во кинеска сопственост, ВиЧет.

Извршните наредби уследија откако администрацијата на Трамп неделава соопшти дека ги зајакнала напорите за елиминирање на „недоверливите“ кинески апликации од амриканските дигитални мрежи и ги нарече Тик Ток и ВиЧет  сериозни закани.

Во наредбите стои дека тие апликации собираат информации за корисникот, вклучувајќи ги податоците за неговата локација, како и историјата на пребарувањето.

„Тоа потенцијално би можело да ѝ овозможи на Кина да го следи движењето на федералните агенти и американските претприемачи, да создаде досиеја со нивните лични податоци за подоцна да ги уценуваат и да вршат индустриска шпионажа,“ се наведува во декретот.

Трамп воедно ги обвини тие кинески апликации за цензура на определени содржини иако не прецизираше за какви содржини станува збор. Тој претходно соопшти дека единствениот начин тие апликации да не бидат забранети во САД е да ги купи некоја американска компанија и тоа најдоцна до 15 септември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите