Утрински Весник
Магазин

Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари за хуманитарни организации во Либан

Џорџ и Амал Клуни донираа 100.000 долари за хуманитарни организации во Либан

Џорџ Куни и неговта сопруга Амал донираа 100.000 долари на хуманитарните организации со седиште во Либан, по стравотната експлозија во која загинаа најмалку 135 лица, а 5.000 беа повредени во Бејрут, родниот град на Амел.

„Обајцата сме длабоко загрижени за луѓето во Бејрут и разорувањето со кои се соочија во последните неколку дена“, рече двојката во четвртокот. „Три добротворни организации што ги пронајдовме обезбедуваат суштинска помош на терен: либанскиот Црвен крст, Импакт Либан и Бајтна Бајтак“.

Оскаровецот Џорџ (59) и Амал (42), адвокатка за човекови права додаваат дека донацијата е во добротворни цели и се надеваат дека другите ќе помогнат на кој било можен начин.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фестивали.мк: oд 25 до 27 јуни бидете во Охрид на вино и музика

Аријана Гранде бара од Белата куќа да не се користи нејзина песна во антиимигрантско видео

Дневен хороскоп за 12 Јуни 2026 година