Утрински Весник
Свет

Австриски туристи по одморот во Хрватска се вратиле дома со коронавирус

Австриски туристи по одморот во Хрватска се вратиле дома со коронавирус

Група австриски туристи за време на летниот одмор во Хрватска се заразиле со коронавирус.Шест члена од групата со 11 туристи од Долна Австрија биле позитивни на тестовите за коронавирус при нивното враќање во Австрија.

Според најавата на градот Баден, поради заразените туристи, по утврдувањето на нивните контакти, уште 21 лице биле сместени во куќен карантин. Се претпоставува дека туристите се заразиле на островот Паг. Двајца од шетмината заразени имале симптоми на болеста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Северна Кореја: Нашиот статус на нуклеарна држава е неповратен

Русија организира парламентарни избори и во окупираните украински региони

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо