Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август
300x250 opst2

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за месеците април, мај, јуни, јули и август. Тој појаснува дека се работи за паушал кој е наменет за тековно работење, одржување и за материјални трошоци на градинките.

„Во оваа ситуација после повеќе консултации со раководствата на двете детски градинки и претседателот на советот, како градоначалник денес од управните одбори на градинките барам според редовната процедура да се отвори постапка за укинување на наплатата и на основниот паушал на родителите за месеците април, мај, јуни, јули и август. За потсетување овој основен паушал се наплаќал секогаш во летните месеци во претходните години“, изјави Бочварски.

Ако бараме солидарност, додаде тој, мораме да знаеме дека Општина Штип ќе биде првата институција која ќе биде солидарна во нашиот град, заедно со градинките и останатите институции.

„Постапката ќе започне денес со мој предлог до управните одбори на двете детски градинки, а ќе продолжи во Советот на Општина Штип. Убеден сум дека ваквата одлука брзо ќе ги помине сите филтри со цел да им помогнеме на граѓаните“, изјави градоначалникот.

Според проценките на Општината, се работи за средства во висина од 2,8 милиони денари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова денеска разговараше со претставници на „Habitat for Humanity International” и на „Хабитат Македонија”

Каравилоски: Продолжуваме со чесна работа за напредок и просперитет на Кривогаштани

Филипче од Кривогаштани: Ова не се обични локални избори, се бориме за нашиот дом, за Македонија