Утрински Весник
Економија

Извлечени 15 добитници од 6. коло месечни награди преку MojДДВ#МојаНаграда

Извлечени 15 добитници од 6. коло месечни награди преку MojДДВ#МојаНаграда

Извлечени се 15 добитници на месечните награди од по 20.000 илјади денари преку наградната игра МојДДВ#МојаНаграда, на јавно извлекување кое се одржа вчера.

Имињата на добитниците се објавени и на веб-страната на Државна Лотарија на следниот линк: https://www.loto.mk/MojaNagradaRezultati

Во останатите кола на #МојаНаграда до крајот на годината, односно до декември, месечните награди ќе изнесуваат 20.000 денари и секој месец ќе се доделуваат по 15 награди.
Извлекувањето на втората главна премија, ќе се одржи во декември, а истата ќе изнесува 1.000.000 денари, соопшти Министерството за финансии.

До крај на годинава секој ден ќе се доделуваат 30 награди од по 1.000 денари. Доделувањето на повеќе дневни наградни, но во помал износ во овој период, ќе претставува мотив за граѓаните да скенираат фискални сметки и да влијаат на намалувањето на сивата економија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пожар во Старо Нагоричане – 24info.mk

Сериозен удар врз паричникот: Каде во Европа ќе биде најтешко да се биде потстанар во 2026 година?

Мицкоски: Според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови