Утрински Весник
Македонија

Министерство за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

МНР: Во експлозијата во Бејрут засега нема повредени македонски државјани

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ, се безбедни и сигурни.

„На мисија во Либан во моментов се ангажирани тројца припадници на Армијата, кои се распоредени и ги извршуваат своите задачи на безбедни локации надвор од Бејрут. По веста за повредени морнарички мировници во мисијата на Обединетите Нации во Либан, УНИФИЛ, чиј брод бил погоден во експлозијата на пристаништето во Бејрут, изразуваме надеж за побрзо закрепнување на мировниците и поддршка до земјите од каде тие потекнуваат“. се вели во соопштението.

Од Министерство за одбрана изразуваат длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан.

Според последните информации загинати се најмалку 100 лица, а повредени околу 4.000. Разорната експлозија го уништи пристаништето и голем дел од централното градско подрачје на Бејрут.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски, Рокас и Григоријан во посета на „Маркова Нога“: Отворањето на граничниот премин ќе донесе нови можности за развој, поврзаност и соработка

Четири лица украле маси и столови од угостителски објект во Куманово

Јакимовски предупредува: По Кочани не смееме да си дозволиме нов ризик по безбедноста на граѓаните