Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

МНР: Во експлозијата во Бејрут засега нема повредени македонски државјани

МНР: Во експлозијата во Бејрут засега нема повредени македонски државјани
300x250 opst2

Во врска со вчерашната експлозија во Бејрут, која што однесе повеќе од 100 животи и разори делови од градот, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент не се пристигнати информации за евентуално засегнати граѓани на Република Северна Македонија.

„МНР преку дипломатски канали ги презема сите неопходни мерки и активности за добивање на соодветни информации поврзани со нашите државјани кои би можеле да бидат засегнати од вчерашната несреќа во Либан“, соопштија од МНР.

До моментов, ниту еден граѓанин на Северна Македонија кој би можел да се наоѓа во Либан не се обратил до Министерството за надворешни работи за соодветна помош.

За оние кои се наоѓаат таму, а во случај на потреба од информација или помош, веднаш да се јават на дежурниот сервис во МНР: +389 75 273 732 или на останатите Глобал СОС телефони во следниве дипломатски претставништва на Република Северна Македонија: Анкара +90 539 456 97 10, Истанбул +90 545 614 97 77, Доха +974 665 979 44, Каиро +201002898673, Абу Даби +971 564 417 552. Напоменуваме дека овие броеви се достапни и на „Viber“ и „WhatsApp“ апликациите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кога новинарската анализа станува средство за политички напад

Додека Касами бара македонски гласови во Тетово, неговиот син ќе игра за фудбалската репрезентација на Албанија

Почина поранешниот градоначалник и пратеник Панчо Минов