Утрински Весник
Свет

Се урна понтонски мост при воена вежба во Русија, повредени 18 лица

Се урна понтонски мост при воена вежба во Русија, повредени 18 лица

Најмалку 18 лица се повредени за време на воената вежба кога се урнал пантонски мост во Еврејскиот автономен регион во Русија, соопштија локалните власти.

„Во населбата Талман, во округот Смидовически, за време на вежбата се урнаа делови од мостот, пти што се повредени 18 лица“, изјави извор од Службата за итни случаи за ТАСС.

Тој додава дека сите повредени се пренесени во воената болница Хабаровск. Причината за урнувањето на мостот се истражува.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин: Бесмислица е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Суд во Хаг ја прогласи за виновна жена што му дозволила на 14-годишниот син да стане дел од т.н. Исламска држава

Европската комисија подготвува дополнителни ограничувања за издавање шенгенски визи на руски државјани