Утрински Весник
Свет

(Видео) Новите британски тестови за коронавирус даваат резултати за 90 минути

(Видео) Новите британски тестови за коронавирус даваат резултати за 90 минути

Новите 90-минутни ДНК-тестови за коронавирус, грип и други респираторни вируси ќе бидат достапни во британските болници и старски домови од следната недела, објави британската влада.

„Фактот дека овие тестови можат да откријат грип и Ковид-19 ќе биде од голема корист за нас кога ќе дојде зимата“, рече британскиот министер за здравство Мет Хенкок, пренесува „Њу сајентист“.

Владата на Велика Британија обезбеди 5,8 милиони ДНК-тестови и 5.000 машини за тестирање на ДНК од компанијата DNA Nudge, како и 450.000 тестови од друга британска компанија – Оксфорд Нанопоре.

Во моментов нема јавно достапни податоци за точноста на новите тестови, но Џон Бел од универзитетот Оксфорд, кој ја советува владата за тестирање, за „Би-би-си“ изјави дека новите тестови имаат иста чувствителност како постојните лабораториски тестови. Компанијата „DNA Nudge“ тврди дека нивниот тест има точност од 98 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа