Утрински Весник
Свет

„Ројтерс“: Руски хакери ги украле тајните документи а САД и Велика Британија

Хакери ги нападнаa компаниите коишто прават вакцини против коронавирус

Тајните трговски документи на САД и Велика Британија кои излегоа во јавноста во пресрет на изборите во Британија минатата година, биле украдени од страна на руски хакери од електронската адреса на бившиот министер за трговија, пренесува Ројтерс.

Два неименувани извори кои се директно запознаени со ова прашање, според Ројтерс, тврдат дека станува збор за сомнителни руски хакери кои ги украле сите податоци од е-маил адресата на бившиот министер Лиам Фокс.

Според нив, хакерите влегувале во неговата електронска пошта во неколку наврати во периодот од 12 јули и 21 октомври минатата година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати