Утрински Весник
Свет

Почина Џон Хјум, нобеловецот кој ги помири католиците и протестантите во Северна Ирска

Почина Џон Хјум, нобеловецот кој ги помири католиците и протестантите во Северна Ирска

Џон Хјум, римокатолик и еден од архитектите на северноирскиот миреовен договор поситгнат на Велики петок во 1998 година, почина денеска на 83 годишна возраст, објави неговата Социјалдемократска и лабуристичка партија.

Хјум поради неговата улога во ставањето крај на 30-годишното насилство меѓу католиците и протестантите доби Нобелова награда за мир.

Со договорот на Велики петок на 10 април 1998 година, ставен е крај на 30-годишното насилство во Северна Ирска, со околу 3500 загинати луѓе.

Хјум е заслужен за поттикнување на мировните преговори во таа британска покраина, Нобеловата награда за мир во 1998 година ја подели со тогашниот северноирски министер Дејвид Тримбл од протестанската Улстерска унионистичка партија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години