Утрински Весник
Македонија

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница.

Џафери денеска ја напушта Клиниката за инфективни болести, каде беше хоспитализиран поради пневмонија и сомнеж за ковид-19.

„Се чувствувам добро и мислам дека веќе е извесно дека јас ќе претседавам со конститутивната седница утре“ изјави Џафери.

Инаку, седницата е најавена за утре напладне да се одржи во големата сала со купола, каде може да биде обезбедено соодветно растојание меѓу пратениците, собраниските службеници и други лица кои треба да се присутни.

Ќе се гласа со рака, со картончиња во три бои, зелена, жолта и црвена бидејќи во оваа сала нема инсталирано систем за гласање.

На секој што ќе влезе во собраниската зграда ќе му биде измерена температура а пратениците и другите поканети гости ќе бидат прифаќани од протоколот и спроведувани точно до местото каде што ќе треба да седат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична