Утрински Весник
Свет

Три региони на Шпанија на „црниот“ список на Германија

Три региони на Шпанија на „црниот“ список на Германија

Германскиот институт за заразни болести „Роберт Кох“ стави три региони во Шпанија на списокот на дестинации со висок ризик во однос на заразеност со коронавирус.

На списокот се наоѓаат Каталонија, Арагон и Навара, пренесува „Ројтерс“.

Сезоната на годишни одмори ги поттикна стравувањата од втор бран на епидемијата по враќањето на туристите од дестинациите кои бележат пораст на нови случаи на Ковид-19, како што е Шпанија.

Германските власти објавија дека тестирањето за коронавирус на аеродромите ќе биде задолжително за сите патници кои се враќаат во земјата од подрачја со висок ризик.

Во Германија, од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај речиси 210.000 лица, додека над 9000 заболени починале како резултат на инфекцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа