Утрински Весник
Спорт

МЗТ се засилија со Американецот Гравет

МЗТ се засилија со Американецот Гравет

Американскиот кошаркар Хасани Гравет (24 год, 188 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона. Гравет денеска потпиша едногодишен договор со МЗТ.

Плејмејкерот пред една година потпиша договор со НБА-екипата на Орландо Меџик, за која, сепак, не заигра, со оглед што беше префрлен во филијалата на овој тим во Џи-лигата, Лејкленд Меџик.

Во втората по квалитет професионална лига во САД, Гравет просечно реализираше 11,7 поени со 4,1 скок и 3,4 асистенции.

Претходно, универзитетската кариера ја почнува во Пенсакола стејт, од каде што по една година преминува во Јужна Каролина, со која веќе во првата сезона доаѓа до фајналфор-турнирот во престижната НЦАА-лига.

Гравет е второто странско засилување за МЗТ во пресрет на новата сезона, по продолжувањето на договорот со Феми Олуџоби.

Тренерот Ѓорѓи Кочов во моментов на располагање има и шест македонски репрезентативци и тоа Дамјан Стојановски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Филип Бакоч.

извор/mztskopjeaerodrom.mk

> МЗТ се засилија со Американецот Гравет <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами