Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Америка почина првото куче заболено од коронавирус

(Видео) Во Америка почина првото куче заболено од коронавирус

Бади, 7-годишен германски овчар, првото куче во САД на кое му е дијагностициран Ковид-19, почина на Стејтен Ајланд во Њујорк, по тримесечна битка со болеста, известува „Нешнел џиографик“, пренесе „Си-ен-ен“.

Ветеринарите не се сосема сигурни дали Бади починал од последиците од Ковид-19 или од лимфомот од кој страдал, но двајца доктори кои ја анализирале историјата на болеста на кучето, веруваат дека германскиот овчар подлегнал на малигна болест.

Министерството за земјоделство на САД потврди дека Бади бил позитивен на коронавирус на 2 јуни.

По неколкумесечно заболување, неговите сопственици и ветеринарот одлучиле дека е најдобро да го успијат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шест отсечени човечки глави пронајдени покрај пат во Мексико

Над 1.000 мртви во Шпанија поради жештините

Германија и нејзините сојузници работат на деталите за безбедносните гаранции за Украина