Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Бројот на излекувани од коронавирус во Македонија надмина 6.000 лица

Досега се регистрирани 27.326 прекршоци за нeносење на маска
Img 7972

Бројот на излекувани пациенти од коронавирус во Македонија надмина 6.000 лица.

Согласно, вчерашните податоци за 24 часа оздравеле уште  89 пациенти, со што бројот на излечени од почетокот на пандемијата во земјата, до денеска, изнесува 6.020 лица.

Инаку, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја е 10.617, а на починати е 480 лица.

Во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117. Најголем дел од нив се од Скопје (1.814), Штип (441), Куманово (296), Гостивар (258) и Тетово (228).

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО

Приведен косовски државјанин, на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми