Утрински Весник
Спорт

Корона и во Ф1! Серхио Перез позитивен, нема да се трка во Силверстоун

Корона и во Ф1! Серхио Перез позитивен, нема да се трка во Силверстоун

Возачот на Рејсинг поинт, Мексиканецот Серхио Перез ќе го пропушти Британското ГП во Силверстоун овој викенд по позитивниот тест на КОВИД-19.

Перез не се појави на прес-конференцијата во четвртокот поради тоа што првиот тест даде неконклузивен резултат, по што остана во изолација пред вториот тест да се покаже како позитивен. Рејсинг поинт уште немаат потврдено кој ќе го замени во болидот, но планот е да имаат два болиди на стартот на трката.

„Со помош на локалните организатори во Силверстоун и здравствените власти, сите кои беа во контакт со Чеко се поставени во карантин. Процедурите на ФИА и Формула 1 ни дозволуваат брза реакција без да се влијае на целиот викенд“, се вели во соопштението на Рејсинг поинт.

Најлогична замена за него ќе биде еден од резервните возачи на Мерцедес, Штофел Фандорне и Естебан Гутиерез, кои се достапни преку договорот на Рејсинг поинт за снабдување со мотори од германскиот производител. Фандорне последен пат се тркаше во Ф1 во 2018 за Мекларен, додека Гутиерез си замина од Хас во 2016 година.

> Корона и во Ф1! Серхио Перез позитивен, нема да се трка во Силверстоун <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига