Утрински Весник
Македонија

Тетовец не застанал на даден знак, па со автомобилот удрил полицаец

Тетовец не застанал на даден знак, па со автомобилот удрил полицаец

Против 34-годишен тетовец поднесена е кривична пријава за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

„Пријавениот, на 02.04.2020 околу 22.50 часот, со патничко возило „пасат“ не застанал на даден знак на полициските службеници, се дал во бегство, по што се паркирал на земјен дел од регионален пат од с.Врапчиште кон автопатот, а откако му пришле полициски службеници од Полициско одделение Галате, А.М. го стартувал возилото, удрил еден полициски службеник“, информираат од МВР во дневниот билтен.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива” на меѓународна конференција

Професор во средно училиште во Кичево натепал ученичка

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините