Утрински Весник
Македонија

Уредник на портал обвинет за откривање на службени тајни од Управата за безбедност

Уредник на портал обвинет за откривање на службени тајни од Управата за безбедност
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопското Основно јавно обвинителство поднесе предлог за обвинение против главен и одговорен уредник на интернет портал за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна.

Како што информираат од обвинителството, во текот на првата половина на јули, обвинетиот направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин.

„Според внатрешните прописи на Агенцијата, објавените информации се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата национална безбедност“, објаснуваат од обвинителството.

На 9 јули на интернет порталот и на фејсбук-страницата, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“.

На 12 јули, пак, на порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“.

Во двата текста обвинетиот објавил и копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање – акти од оперативна проверка на лице, кои претставуваат класифицирани информации.​

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Скопјанец ја натепал поранешната девојка удирајќи ја по главата и телото, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз

МВР расчисти вкупно 12 случаи на „измама“, од слобода е лишена 23-годишна скопјанка