Власта на Заев стана синоним за криминал, корупција и рекет. Македонија со Заев стана најкорумпираната држава во Европа. Милиони евра изрекетирани пари беа носени во чанти Луј Витон, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Цела јавност го виде како директор именуван од Заев става снопчиња со пари во својата чанта. Постојат сведоштва дека изрекетираните пари завршиле кај Зоран Заев, а исто така се тврди дека Мила Царовска, Александар Кирацовски и други високи функционери на СДСМ посредувале и ја помагале операцијата ‘Рекет’ во Македонија. Целата јавност слушна дека рекетари палеле возила и се заканувале со знаење и дозвола на Вице Заев.
Власта на Заев знаела, го штитела, а веројатно и организирала криминалот во Македонија.
Поради тоа што Заев и власта беа фрлени на криминал, Македонија секој ден тонеше сè повеќе и повеќе.
Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро“, велат од партијата.